Ни голот на Марко не помогна: Шкендија со минимален пораз во Единбург!(ВИДЕО)

462

Хиберниан – Шкендија 2:1 е исходот од првиот меч во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Штета, можеа тетовци да дојдат барем до реми, до 90+1.имаа 1:1, но сепак пораз.

Марко Ѓорѓиевски беше стрелец за Шкендија за 1:1, а головите за домашните беа дело на Елидинг и О`Хора.

Па така патникот во плеј-офот ќе се решава на реваншот во Скопје следниот четврток.

Инаку мечот започна со ударот на Трумчи уште во 53 секунда, но за жал многу непрецизно. Веќе во 5.минута и Тамба се закани, но и сега немаше гол. Добар почеток на Шкендија во Единбург. Сепак Хиберниан врати во 13.минута со шутот на Кер со глава, само среќата сега ја спаси Шкендија.

Пет минути подоцна, Бојл беше во добра шанса, но Трумчи сепак успеа да го блокира тој удар на домашниот напаѓач и да не дозволи водство на Шкотите. Во следната акција и Елдинг се закани, но и натаму на семафорот стоеше резултатот 0:0.

Следуваа дваесет минути во кои Шкендија одигра тактички сосема добро, не му дозволи на домашниот состав да се размавне , да создаде некоја шанса, и се обидуваше од контри да дојде до водство.

Во самиот финиш на првиот дел Криезиу продре по левата страна, се создаде мешаница, ама Ндзенгуе и Тамба не успеаја да ја сместат во голот на домашниот тим. Во последните секунди и Хиберниан можеше да поведе, но сепак на пауза се замина со тие 0:0.

Вториот дел Шкендија уште подобра. Тетовци креираа неколку одлични акции, а во 52.минута прво Ндзенгуе а потоа и Ислами, немаа среќа. Неколку минути и Тамба од добра ситуација, сепак шутираше покрај десниот дирек на домашниот голман Салингер.

На другата страна Каива во 60.минута шутираше силно, но и за малку непрецизно. Рамани немаше потрева да интервенира.

Се играше 65.минута кога беше опасно по голот на Шкендија по шутот на Рајт, сепак Рамани беше одличен. Во следната минута на другата Тамба мораше да се снајде подобро, сепак и натаму останаа тие 0:0.

И кога никој не се надеваше на такво нешто, во 74.минута домашните изведоа убава акција која со гол ја заврши Елдинг за водство од 1:0. Штета.

Но, Марко Ѓорѓиевски во 77.минута со прекрасен гол израмни на 1:1. Само четири минути откако влезе во игра. Браво Марко.

Уште еднаш покажа дека е класа напаѓач. Втор меч и втор гол на Марко за Шкендија.

Сепак ни тоа не беше доволно да се избегне поразот, домашните преку О`Хора дојдоа до водство и победа во таа 90.минута.

Лига Конференции – 1.меч од 3.квалификациско коло

ХИБЕРНИАН – ШКЕНДИЈА 2:1 (0:0)

Стадион “Истер Роуд“ во Единбург. Судија: Менелаос Антониу (Кипар).Стрелци: Елдинг 74.. О`Хора 90.(ХИБ), Ѓорѓиевски 77. (ШКЕ)..

ХИБЕРНИАН: Салингер,Паслак, Кер, О`Хора, Обита, Мејор (59.Рајт), Каива, Мјулиген (74.Абдулаи), Бојл (59.Шуто), Елдинг, Лов.

ШКЕНДИЈА: Рамани, Трумчи, Манев, Мелиќи, Зејнулаи (90.Рамадани), Фреитас, Ислами, Красниќи (64.Мурати), Тамба, Криезиу (64.Крстевски), Ндзенгуе (73. Ѓорѓиевски).

ПретходноОфицијално: Легендарниот Диего Форлан е нов селектор на Уругвај(ФОТО)
СледноОдлична атмосфера во Гевгелија: Кадетите имаа поддршка од Главчев и Илиевски (ВИДЕО+ФОТО)