Хиберниан – Шкендија 0:0 по првото полувреме на “Истер Роуд“ вечерва во Единбург на првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
И веднаш да кажеме добра Шкендија. Четата на стратегот Артим Положани одигра тактичко сосема добро, а во првите минути од средбата имаше и две шанси преку Трумчи и Тамба за водство.
Домашните потоа ја презедоа иницијативата, имаа свои прилики, Кер за малку не погоди во 13.минута.
Сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0. Секако дека ова е одличен резултат за Шкендија ако се знае дека реваншот од овој двомеч се игра во Скопје следниот четврток.
Лига Конференции – 1.меч од 3.квалификациско коло
ХИБЕРНИАН – ШКЕНДИЈА 0:0 (0:0)
Стадион “Истер Роуд“ во Единбург. Судија: Менелаос Антониу (Кипар).Стрелци:/.
ХИБЕРНИАН: Салингер,Паслак, Кер, О`Хора, Обита, Мејор, Каива, Мјулиген, Бојл, Елдинг, Лов.
ШКЕНДИЈА: Рамани, Трумчи, Манев, Мелиќи, Зејнулаи, Фреитас, Ислами, Красниќи, Тамба, Криезиу, Ндзенгуе.










