Тетовци има за што да жалат, ама реваншот го играат пред своите фанови (ФОТО)

156

Добра Шкендија, уште еден добар настап во Европа, но сега со пораз и тоа минимален кој дојде во 90.минута за конечни 2:1 за Хиберниан. Се виде дека тимот од Шкотска има свои квалитети, но и дека не е баук и дека е тим кој може и мора да се победи во Скопје на реваншот. Така беше и со Браво во минатото коло, пораз на гости во првиот меч па дома победа во реваншот со 3:1 и минување во следното коло.

Така нека биде и во четврток на 13 август кога на Арената во Скопје се игра реваншот од 20 часот по кој ќе се знае дали Шкендија повторно ќе игра во плеј – оф во едно европско натпреварување.

Тетовци има за што да жалат, и тоа како можеа да извлечат подобар резултат вечерва на „Истер Роуд“ во Единбург, но таков е фудбалот, некогаш треба да имаш и малку среќа.

Инаку Гент успеа како гостин да слави кај Гетеборг со 0:1, па така ако Шкендија го мине Хиберниан најверојатно ќе гледаме повторно дуел меѓу Шкендија и Гент како што беше во август пред десет години.

ПретходноОдлична атмосфера во Гевгелија: Кадетите имаа поддршка од Главчев и Илиевски (ВИДЕО+ФОТО)