Брегалница се пофали со Матеј Ангелов

106

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација на Македонија, Матеј Ангелов и официјално се врати во својот матичен клуб. Штипска Брегалница од денеска е посилна за играчот за врска кој што се враќа во родниот град, по неколкудишниот престој во тимот на Работнички.

Своевремено Ангелов како еден од најталентираните млади играчи кај нас се пресели во Градски парк, за да има и една крака авантура во Украина.

Има огромно прволигашко искуство затоа што од многу млад беше вметнат во првиот тим на Работнички, а сега ја засилува Брегалница во обид штипјани што подобро да се покажат во ПМФЛ сезоната каде што се повратници.

ПретходноМакедонските кадети ги решија „фараните“ и заверија пласман на Светско првенство
СледноШкендија сака, Шкендија може, Шкендија знае како…