Полувреме: Добра Шкендија, без голови во Единбург!

135
ФОТО:facebook.com/HibernianFootballClubOfficial

Хиберниан – Шкендија 0:0 по првото полувреме на “Истер Роуд“ вечерва во Единбург на првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

И веднаш да кажеме добра Шкендија. Четата на стратегот Артим Положани одигра тактичко сосема добро, а во првите минути од средбата имаше и две шанси преку Трумчи и Тамба за водство.

Домашните потоа ја презедоа иницијативата, имаа свои прилики, Кер за малку не погоди во 13.минута.

Сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0. Секако дека ова е одличен резултат за Шкендија ако се знае дека реваншот од овој двомеч се игра во Скопје следниот четврток.

Лига Конференции – 1.меч од 3.квалификациско коло

ХИБЕРНИАН – ШКЕНДИЈА 0:0 (0:0)

Стадион “Истер Роуд“ во Единбург. Судија: Менелаос Антониу (Кипар).Стрелци:/.

ХИБЕРНИАН: Салингер,Паслак, Кер, О`Хора, Обита, Мејор, Каива, Мјулиген, Бојл, Елдинг, Лов.

ШКЕНДИЈА: Рамани, Трумчи, Манев, Мелиќи, Зејнулаи, Фреитас, Ислами, Красниќи, Тамба, Криезиу, Ндзенгуе.

ПретходноДалиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно
СледноСтојановски: „Го направивме првиот чекор, сега целосно сме фокусирани на Исланд“