Столевски: Респект за Силекс, но бодовите остануваат дома

134
ФОТО:.ffm.mk

Шкендија Арачиново е подготвена да испише уште една историска страница во елитата на домашниот фудбал. Овој петок, екипата ќе го одигра својот прв натпревар како домаќин во ПМФЛ, каде на стадионот во Чаир ќе ги одмери силите со тимот на Силекс. По тешкиот старт и лекцијата научена против шампионот Струга Трим Лум, раководството на клубот не седеше со скрстени раце: одбраната е засилена со нови имиња во преодниот рок за да му се даде потребната цврстина на тимот.

Чуварот на мрежата, Антонио Столевски, уверува дека грешките од првото коло се веќе минато:

Од натпреварот против Струга ги извлековме потребните поуки. Тој натпревар е завршен и нашите мисли се 100% насочени кон следниот предизвик,“ изјави Столевски.

Силекс, доаѓа во Чаир со висок морал, по тениската победа од 6-0 против Башкими.

Силекс е квалитетен противник кој заслужува максимален респект, но ние ќе се бориме за секоја топка на теренот од првата минута до последниот свиреж на судијата.“

Столевски има и јасна порака до спортската јавност и верните навивачи.

Не сме случајно во Првата лига и не дојдовме тука за да играме епизодна улога. Ги поканувам сите наши навивачи да го исполнат стадионот во Чаир и да бидат нашиот 12-ти играч кон првата историска победа на домашен терен.“

Почетниот удар на натпреварот Шкендија Арачиново – Силекс е закажан за денеска (7 август), во 17:00 часот, на стадионот во Чаир.

ПретходноПоложани: На реваншот ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да се квалификуваме во следната рунда!
СледноЕмотивен момент од Белград: Марко Ѓорчески со порака за Јовиќ!