Репрезентативец на Англија мора на суд, поради тепачка!

43

Англискиот репрезентативец Ајван Тони е обвинет за напад пред ноќен клуб во Лондон. Корпулентниот напаѓач кој игра во Саудиска Арабија неодамна се врати од Светското првенство, а во својата татковина беше пречекан со тужба.

Инцидентот се случил на 6 декември 2025 година, пред ноќен клуб во центарот на Лондон во Сохо, а напаѓачот на Ал Ахли ќе мора да се појави на суд на 24 септември. Тој беше обвинет за нанесување физичка повреда на лице, а Тони се јави и испрати порака до медиумите.
„Ајван Тони е свесен за обвинението, иако секако е шокиран, ќе се обиде да го исчисти своето име на суд“, се вели во краткото соопштение испратено до англиските медиуми. Ова нема да биде прв пат Тони да биде на суд бидејќи неколку пати е обвинет за нелегално обложување.
Тони го започна натпреварот за третото место на Англија на Светското првенство и тоа беше неговиот 10-ти настап за националниот тим. Неочекувано, тој се најде на списокот на тренерот Томас Тухел, бидејќи тој е во Арабија од 2024 година, каде што постигна 55 гола на 62 натпревари за Ал Ахли. Тој порасна во родниот Нортхемптон, не доби шанса во Њукасл, па стигна до Питерборо преку позајмици во Барнсли, Шрусбери, Сканторп и Виган. Добрите игри таму го доведоа до Брентфорд и репрезентацијата на Англија.

ПретходноРисто Митревски го освои Президент купот на Индонезија
СледноСтојановски: Не се адаптиравме на физичката игра на Исланд, сега гледаме само напред