Ристо Митревски го освои Президент купот на Индонезија

80

Македонскиот интернационалец во далечната Индонезија, Ристо Митревски со својот тим Персебаја го освои традиционалниот куп на оваа земја таканаречениот Президент куп.

По подоброто изведување на пеналите, тимот на Персебаја беше подобар од екипата на Персиб Бандунг со откако регуларниот дел од мечот заврши 1:1.

Митревски иако во зрели играчки 34. години и натаму е интернационалец. Веќе извесен период е дел од шампионатот на Индонезија, а пред да настапува за Персебаја три години беше дел од тимот на Дева Јунајтед.

Неговиот фудбалски пат надвор од Македонија трае од 2015 година кога замина за Истра во Хрватска, а потоа беше дел и од Хапоел Хаифа, Паралимни, Алашкерт и Сабах.

 

ПретходноПрв пораз на ЕП „Б“ Дивизија: Македонските кадети во „мрежата“ на Исланд
СледноРепрезентативец на Англија мора на суд, поради тепачка!