Некогашниот македонски репрезентативец, Кристијан Тошевски е нов играч на тимот на Феризај.
Дефанзивецот заминува во Косово, откако заврши неговата авантура во Подградец, во Албанија.
Тошевски во домашниот шампионат беше дел од Тетекс, Пелистер, Вардар, Тирана и Шкупи.
Што се однесува до репрезентацијата на Македонија, тој беше дел од неа кога селектор беше Игор Ангеловски.










