Нова “бомба“ од Турција: Лукаку пред трансфер во Фенербахче!

71
ФОТО: Belgian Red Devils/FB

По Мохамед Салах, уште една фудбалска ѕвезда е пат кон Турција. Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Фенербахче. Информацијата ја објави италијанскиот новинар Матео Морето, кој наведува дека Лукаку ја прифатил можноста за трансфер во истанбулскиот клуб.
Лукаку моментално е член на Наполи, но неговото време во италијанскиот клуб би можело да заврши ова лето.
Откако белгискиот напаѓач даде согласност, сега следува клучниот дел од работата меѓу двата клуба. Наполи и Фенербахче треба да седнат на преговарачка маса за да се договорат за висината на надоместокот за трансферот на искусниот голгетер. Одлуката на Лукаку претставува важен чекор во реализацијата на целиот договор, бидејќи Фенербахче очигледно успеал да го убеди еден од најпознатите напаѓачи во европскиот фудбал да ја продолжи кариерата во Турција.
На истанбулскиот гигант му е потребен квалитетен напаѓач, а доаѓањето на фудбалер со реноме како Лукаку би бил одличен сигнал за амбициите на клубот.
Белгиецот има богато искуство играјќи на најголемата сцена. Во текот на својата кариера, настапувал во Англија, Италија и други големи европски натпреварувања.
Неговото искуство е особено интересно за Фенербахче, кој сака да биде конкурентен на домашната и европската сцена.

ПретходноОдличен настап на штипјани: Брегалница го демолира Арсими!
СледноБрегалница со победничко селфи: „Сините“ покажаа сила!