Брегалница – Арсими 4:0 е исходот од вчерашниот меч во Штип во рамките на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Штипските “сини“ одиграа навистина добар резултат и носени на “крилјата“ на Мартин Стојанов и Методи Максимов, стрелци на три од четирите гола, дојдоа до првите бодови во новата сезона, до првата победа, откако на стартот беа поразени од Вардат во Скопје. Стрелец на гол беше и младиот Тасев.
Во убав амбиент под рефлектори во градот веќе во 10.минута по асистенција на Максимов, кој го имаше своето деби во дресот на Брегалница, Мартин Стојанов стрелаше за 1:0. Потоа беше се полесни за четата на стратегот Никола Кузманов. Се игрше 28.минута кога Максимов постигна убав гол, негов деби, за удвојување на водството од 2:0.
Со тој резултат се замина на пауза.
Во продолжение од средбата Брегалница продолжи со доминантна игра, па така уште во 50.минута Мартин Стојанов повторно стрелаше, но сега за 3:0. И тука беа разрешени сите дилеми околу победникот. До крајот, во таа 85.минута младиот Тасев со гол за 4:0 стави точка на овој меч за радост на фудбалски Штип.
Ова беше за Брегалница прва победа а за Арсими втор пораз, и повторно убедлив откако на стартот тимот од Чергане беше поразен од Тиквеш со 5:1.















