Чурлинов со деби гол за Погон!

64
ФОТО:facebook.com/PogonSA/

Дарко Чурлинов во меч од 2.коло во елитната лига во Полска, попладнево против Лублин уште во 17.минута ја тресеше мрежата на гостите за водство на својот Погон Шчечин од 1:0. Ова е деби гол на македонскиот репрезентативец кој уште еднаш покажа дека е екстра засилување за овој полски тим. Ова е негов втор меч за Погон Шчечин, и во вториот беше стартер и негов прв гол.

Да му посакаме на Дарко Чурлинов уште многу голови и добри игри во дресот на својот нов клуб.

ПретходноПолувреме: Тиквеш има 0:2 во Куманово!
СледноДоминација на Мартин и во спринтот на “Силверстон“!