Навивач влета на терен и удри по гостинските фудбалери!(ВИДЕО)

90
ФОТО:printscreen

И тоа го има во Р.Ирска. Имено неверојатен иднцидент го одбележа натпреварот од првенството на Република Ирска помеѓу Шамрок Роверс и Дандалк, кога навивач на домашната екипа влета на теренот и се судри со гостинските играчи.
Сè се случи во средината на првото полувреме, кога Шамрок го израмни резултатот на 2:2. Дандалк доби пенал, а Хорган беше прецизен од белата точка. Тој го прослави голот пред трибините со домашните навивачи, што очигледно не му се допадна на еден од навивачите на Шамрок.
Навивачот скокна преку оградата и влета на теренот, а потоа се упати кон играчите на Дандалк. Дојде до физички контакт, а навивачот турна неколку гостински фудбалери. Прво, самите играчи мораа да реагираат и да спречат посериозен инцидент, а потоа на теренот пристигнаа безбедносни лица и го отстранија навивачот.


И покрај грдите сцени, играта продолжи, а Шамрок Роверс на крајот победи со 3:2.

ПретходноСалах во Трабзон е КРАЛ: Еве што градоначалникот му подготви како подарок на Фараонот!(ВИДЕО)