Атлетико поведе, Манчестер Сити победи со пресврт

132

На пријателскиот меч одигран во Сеул, Ј. Кореја, екипата на Манчестер Сити со конечни 3:1, беше подобра од екипата на Атлетико Мадрид.

Пред преполни трибини со над 66.000 гледачи, тимот на Атлетико поведе во 43. минута преку Домингез.

Сепак, во вториот дел Сити со головите на Мармуш во 57. односно 59. минута, најпрво направи комплетен пресврт, за да на крајот, во деведесеттата минута Рајан Аит Наури ја завери победата од 3:1.

Сити уште има да го одигра пријателскиот дуел со Арсенал пред стартот на Премиер лигата, додекај пак Атлетико ќе спарингува со Олимпик Марсеј.

 

ПретходноСтојановски: Да гледаме и мислиме позитивно, со кренати глави гледаме напред
СледноФернандес е победник во Силверстоун