Победи Шкендија, ама победи и Хиберниан и тоа кај Ренџерс!

427
ФОТО:facebook.com/HibernianFootballClubOfficial/

Шкендија го прегази Вардар со 0:2 среде Скопје и во супер атмосфера ќе го пречека реваншот со Хиберниан од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Да потсеиме дека на првиот меч во Шкотска, беше 2:1 за домашниот состав, но реваншот се игра во Скопје на Арената во четврток.

Победи Шкендија попладнево, ама во исто време играше и Хиберниан во шампионатот на Шкотска, исто на гости, исто во меч од 2.коло, и успеа исто да победи, но со 1:2 кај Глазгов Ренџерс.

Кембел од пенал и Рајт во 90+3.минута беа стрелци за Хиберниан, додека Ренџерс стрелаше во 85.минута за 1:1 со автоголот на Каива.

Ова покажува дека Хиберниан може да биде многу опасен како гостин. Кога сме кај Глазгов Ренцерс да споменеме дека Бојан Миовски не беше ни во записникот на овој меч.

ПретходноТамба шоу во Скопје – Шкендија го прегази мизерниот Вардар (ВИДЕО)
СледноДортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј