Максимов: Ова ми беше неопходно, гол на кам бекот за мојата Брегалница

110

Во рамките од второто ПМФЛ коло од новиот шампионат, синоќа во Штип, во вечерен термин како што доликува домашната Брегалница успеа да слави со убедливи 4:0 над слабиот Арсими.

Штипјани доминираа на теренот, и покажаа дека турбуленциите, во и околу клубот во моментов не влијаат на играта на екипата. Напротив, Брегалница покажа добар квалитет вчера, ефикасност, и капацитет да ги освои трите бода на посакуваниот начин.

Дел од заслугите за тоа има и Методиј Максимов. Момчето кое што веќе требаше да ја предвои А репрезентацијата на Македонија, но повредата го спречи во напредокот. Играчот на австирски Лакс, и некогашен младински репрезентативец на Македонија, се врати во Штип, каде што и започна неговиот фудбалки пат на позајмица, и по минутажа која што му е неопходна во моментов.

Синоќа крилниот играч беше стрелец на еден од головите за домашните.

„Многу ми значи овој гол, мора да признаам. Едноставно посакував тоа да се случи на мојот кам бек во Брегалница. Штип е мој град, Брегалница е мој клуб. Убаво се чувствувам тука. Така се наместија работите да ете повторно настапувам за овој клуб, ќе направам се за мојот престој тука биде што попродуктивен. Штипската публика знае што е добар фудбал, се надевам дека вака ќе продолжиме и во следните мечеви“ – изјави за СпортСпорт, Методиј Максимов.

 

ПретходноНајубавата навивачка слика: Македонија се сака од мали нозе!
Следно„Врелиот компир“ е во рацете на Кристијан Фабиани!