Прегазен, понижен, патосиран… Жалната слика на еден првак, на еден клуб, на еден титан која попладнево љубителите на фудбалот ја видоа во Скопје, на големото дерби, на големата пресметка на големите Вардар и Шкендија.
Клубот од Тетово му одржа многу лекции на Вардар во само 90 минути. Скапи лекции, фудбалски, машки и директни. Конечните 0:2 на крајот се и награда за ФК Вардар АД Скопје на Миленко Неделковски (можеше и 0:5 да заврши).
Нели, приватен клуб и таму може да си прави газдата што се си сака. И ете, така и бидна – си прави се што сака иако газда во тој клуб се нема појавено на стадион, на трибини од првиот ден кога започна овој проект. Нема газда има само Миленко Неделковски и ништо друго. Сето останато е боранија во сегашно и минато, но блиско време.
„Оди си Миленко...“, од пред две години на 18 август 2024 година со 10.000 навивачи на дуелот со Пелистер (1:0) и „Оди си Миленко“, денеска 9 август 2026 година против Шкендија (0:2). Пораката е иста но не и тој „хук од трибините“. Трибините се празни, проектот е утната работа а задоволството и профитот само за еден човек. Овој Вардар, овој сегашен тим оваа креација на тешки идиоти и квази менаџери доведоа до тотален колапс и распад систем на еден тим кој на пример лани со Седлоски како тренер и играчи како Донгмо, Мато, Сенгор па и Цветковиќ е друга димензија за овие сегашните скапи, многу скапи засилувања кои залутале по фудбалот, ги собрале од плажите или некаде од пристаништата на Црна Гора а со аргентински пасоши со себе. Поразот, овој пред неколку часа од Шкендија е само доказ на сето она што го најавувавме цело време, цело лето… Промашени летни подготовки, скапи и никакви засилувања, очајни резултати во Европа и ете чашата ја прели Шкендија а што ли ќе биде во иднина ако продолжи овој Вардар да се менаџира на ист начин. Скапите засилувања со големите провизии и еден менаџер во името на Милован Мичо Рогановиќ.
На Миленко Неделковски за танго му беа потребни „двајца“ но тој си собра цела колонија на играчи од Аргентина па и овие Пирес и Родригес за да се случи тотален колапс на тимот кој го изгуби компасот на шампионски клуб со сериозен проект, сериозни спонзори и финансии. Сега танго со кого…!?
Ете пред некој ден си замина првиот асистент Густаво Лопез, утре „одбојкарот“ ќе вади билети и за Кристан Фабијани. Аргентинецот е готов, тој е спакувана роба уште од денот кога дојде со оглед на тоа дека неговиот менаџер му ги натури неговите играчи па така на штета на Вардар се одливаа и ќе се одливаат уште многу илјадници евра во туѓи земји за „фекални“ фудбалери.
Фекалии, Вардар, матен Вардар… Едно да се знае треба во моментов. Фабијани е само мал пиун во големата игра на одредени ликови. Но, тој не е и единствената „фекалија“ која треба да се исчисти од фудбалскиот клуб, стручниот штаб, управата, кампот на клубот…
Многу „фекалии“ има таму. Ова се резултатски и трансфер политика, но таму има основа за многу, многууу покрупни работи. Монструмските работи не може никој да ги покрие, а ако нешто се менува тоа треба да биде квалитет а не „шибицарија“ од Камени мост!
Продолжува… (во текот на утрешниот ден)















