Македонската кадетска репрезентација денеска продолжува со натпреварите од Европското првенство В Двизија. Противник на нашите млади кошаркари е селекцијата на Швајцарија, мечот се игра во салата „26 април“ со почеток во 18:30 часот.
После три одиграни кола, Македонија се наоѓа на четвртото место со скор од едн победа и два порази, додека пак Швајцарија е убедливо најслаба во нашата група, има три порази.
Победата е неопходна во битка за пивосок пласман на шампионатот. После поразот од Хрватска, селекторот Дејан Стојановски потенцира дека мора да се издигнат и да гледаат напред.
„Да гледам и мислиме само позитивно, со кренати глави гледаме напред. И уште еднаш би сакал да ги повикам нашите навивачи салата да биде уште повеќе исполнета и да ја поддржат екипата“, изјави Стојановски.










