Кристијан Фабијани повеќе не е тренер на Вардар

348

По вчерашниот дебакл на дербито против Шкендија, во рамките од второто коло од ПМФЛ шампионатот, првакот на Македонија, тимот на Вардар остана без тренер. Аргентинецот Кристијан Фабијани си заминува, објави предмалку клубот преку социјалните мрежи.

Фабијани вчера го предводеше Вардар во еден од најтешките порази во последните неколку години против ривалот Шкендија, а и комплетно шампионот летово под негово водство се обрука на сите полиња.

Имаше лоп настап во Европа, во домашниот шампионат тргна очајно, подготовките беа промашени, а со тоа и засилувањата.
Фанијани е минато, се очекува неговата замена.

ПретходноВреме е за втора победа: Македонија на мегдан против Швајцарија
СледноМеличи со црвен картон, Вардарците на „тапет“ – посебно Кастањеда!