Меличи со црвен картон, Вардарците на „тапет“ – посебно Кастањеда!

951

Кој ќе биде епилогот по мизерниот инцидент на дербито Вардар – Шкендија (0:2), кој настана на крајот од натпреварот!? Сега на потег се органите и телата на ФФМ кои треба да го казнат жестоко споменатиот инцидент и односот на поединци кои за среќа не предизвикаа хаос од поголеми размери.

СпортСпорт дознава дека за време и по инцидентот санкциониран е само стоперот на Шкендија Маличи на кого судијата Стојанче Трпчевски му покажал жолт картон – по автоматизам „црвен“ со оглед на тоа дека стоперот во текот на средбата заработи една опомена. Сепак тоа не значи дека организаторот не е санкциониран.

За ФК Вардар, за односот на играчите Диеко Кастањеда, Торес и Родригес е најавен дополнителен извештај од страна на официјалните лица на чело со делегатот Тони Шалев од Кавадарци. Посебно односот и реакцијата на Кастањеда која беше толку примитивна и бедна. За потсетување дека лани Вебстер од Шкендија доби забрана за наиграње на 5 натпревари само поради вербална коминукација со навивач на трибината кој го нарекол „мајмун“!

Фудбалерот беше казнет жестоко но не и другата страна а тоа беше Куп натпреварот со Шкендија Арачиново.

ПретходноКристијан Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
СледноКФМ и официјално со конкурс ја пополнува Супер лигата