По фантастичното второ полувреме: Македонија со пресврт до победа против Швајцарија

236

Македонските кошаркарски кадети со чудесен пресврт вечерва успеаја да слават голема победа против селекцијата на Швајцарија со 89:76. Ова е втора победа на Македонија на ова ЕП во Б дивизијата. Таа дојде откако нашите кадети одиграа фантастично второ полувреме и со голем пресврт успеаја на крајот да слават.

Треба веднаш да се каже дека по првите две четвртини нашите кадети одиграа слабо, имаа голема негатива, но потоа тие покажаа карактер и успеаја работите во продолжение од средбата да ги свртат во своја корист. Во третата четвртина беше 26:14 а во последната 25:9 за нашите кадети кои со тоа не успеаја да направат пресврт туку на крајот и убедливо да победат.

Додека нашите кошаркари блескаа на паркетот во салата во Гевгелија во тие моменти, противниците беа немоќни да сторат било што. Па така на крајот победа за Македонија.

Коневски со 26 поени беше најефикасен во нашиот табор, Зунзуровски запиша 19 а Шабани 18.

ПретходноОфицијално: Ливерпул се пофали со Араухо (ФОТО)
СледноЕвропа, Азија и Северна Америка со здружија против Инфантино