Бледи Шкемби: Задоволен сум од играта, но никако од резултатот!

62
ФОТО: FC Struga TL/FB

По малку изненадувачки, да не кажеме сензационално, Струга ТЛ вчера на ФФМ одигра само 1:1 со тимот на Скопје. Стружани самите си се винивни. На овој меч, посебно во првиот дел имаа повеќе шанси, имаа 5-6 зицери за гол, постигнаа еден, вториот им беше поништен, примија еден и затоа освоија само еден бод.

Секако дека тренерот на Струга ТЛ имаше свој коментар за овој втор натпревар сезонава:
“„Натпревар за кој се подготвувавме да победиме и мислам дека игравме за да победиме. Имавме многу шанси да постигнеме повеќе од еден гол, но не успеавме да постигнеме и втор. Противникот, во ретките случаи што можеше да дојде во нашиот шеснаесетник, успеа да постигне гол. И покрај резултатот со кој сме разочарани, генерално сум задоволен од играчите. Секако, доколку го постигневме вториот гол, убеден сум дека ќе победевме. Сепак, убеден сум дека ќе се подобриме уште повеќе и ќе бидеме многу силен тим.“ рече Шкемби.
Следниот натпревар, во рамките на 3.коло, Струга Трим Лум ќе го игра против Вардар во Струга.

ПретходноШок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза
СледноРеакција на Општина Битола по повод најновите настани со теренот на стадионот “Петар Милошевски“!