Потврда од Косово: Јончевски е нов тренер на Влазними од Ѓаковица!(ФОТО)

53
ФОТО:facebook.com/bcvellaznimi/

Александар Јончевски, некогашниот селектор на нашата најдобра кошаркарска селекција, има нов клуб. Вечерва од потврда од Косово дека македонскиот е стратег е нов тренер на Влазними од Ѓаковица.

Еве како Јончевски беше претставен од својот нов клуб:

Јончевски носи во Ѓаковица долгогодишно искуство во меѓународната кошарка. Во текот на својата кариера, тој раководел со тимови како МЗТ Скопје, Кожув, Гостивар, Работнички (Македонија), Спартак Суботица (Србија), Сласк Вроцлав (Полска), Атомерому (Унгарија) итн., додека бил дел од техничкиот штаб, а потоа и селектор на репрезентацијата на Северна Македонија. Со МЗТ, Јончевски ја освои и титулата шампион и Купот на Македонија, збогатувајќи ја својата кариера со трофеи.Вреди да се напомене дека тренерот работел и на Косово со Трепча“ потенцираа од Влазними на своите социјални мрежи.

ПретходноГаздата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!
СледноГРК Тиквеш се засили со француски интернационалец!(ФОТО)