Се чини дека ГРК Тиквеш не ги крие своите амбиции за следната сезона во ракометната Суперлига на Македонија која ќе биде најсилна во последните неколку години.
Имено вечерва преку своите социјални мрежи, кавадарчани се пофалија дека успеале да го ангажираат Чамал Абдула, интернационалец од Франција кој доаѓа од Либија. Абдула во Либија досега настапувал за екипата на Ал Ахли од Бегнгази.
Тој доаѓа во Тиквеш на местото десен бек.










