Македонската ракометна репрезенаттивка Андреа Седлоска, својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Ускудар во Турција.
Седлоска по цели шест години минати во тимот на Локомотива Загреб сега заминува во нова средина.
Своевремено Седлоска беше дел и од екипата на Вардар, пред да замине како интернационалец. Имаше опции летово да замине и за Унгарија, но ја одбра според неа најдобрата опција.
Државниот дрес на Македонија го носи уште од младинските селекции.
View this post on Instagram










