Никола Серафимов денеска полни 27 години. Секако нека му е со среќа роденденот на нашиот репрезентатицен стопер кој попладнево во Казахстан одигра уште една одлична партија за својот Левски Софија на гости кај Каират во реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Победа од 0:1 за шампионот на Бугарија, па така со вкупни 0:2, Серафимов со своите соиграчи го однесоа Левски Софија во плеј – офот на ова натпреварување. Таму ги чека, на последната пречка од пласманот во групната или лигашка фаза во најелитното клупско европско натпреварување, тимот на АЕК од Грција.
Инаку Македонецот во составот на бугарскиот тим и денеска беше еден од најдобрите поединци. Не само што беше стартер, туку го одигра целиот меч а во 88.минута доби жолт картон.










