Претстојниот викенд со мечевите од 1.коло, стартува новата сезона во ВМФЛ. Интересно ќе биде со оглед на тоа дека тука се и гиганти како Работнички и Пелистер, потоа некогашни шампиони Македонија ЃП и Шкупи.
Познат е и распоредот и сатницата на сите седум мечеви кои се играат во сабота од 17 часот, само Пелистер игра дома во недела со Камјани и тоа од 20 часот под светлоста на рефлекторите.
Интересно е тоа што во Струмица во исто време се играат два меча, на кои домаќини се Брера и Беласица.
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО ВО ВМФЛ – САБОТА (17 Ч)
Скопје (Ѓ.Петров): Македонија ЃП – Тетекс
Струмица (Пандев): Брера – Еуромилк
Скопје (Маџари): Работнички – Кожув
Охрид: Охрид – Новаци
Скопје (Чаир): Шкупи – Детонит
Струмица: Беласица – Осогово
НЕДЕЛА, 20 Ч
Битола: Пелистер – Камјани










