Втора успешна контрола за Еурофарм Пелистер во Словенија

329

Македонскиот вицепрвак, Еурофарм Пелистер одигра уште еден пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона во која новиот стратег, Лино Червар и неговите момци, покрај домашните обврски ќе бидат дел од Европската лига.

Битолчани ги одмерија силите со Крка, а победник од оваа средба излезе македонскиот тим кој славеше со минимални 34-33.

Претходно, Еурофарм Пелистер одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Катар, предводена од Веселин Вујовиќ.

Битолчани во новата сезона ќе настапат со видно променет состав, заминаа пет ракометари, додека дојдоа осум нови играчи.

ПретходноАлварез објави војна: Не сметајте на мене!
СледноТрамп се огласи за Инфантино: Тоа би била ужасна грешка…