Драма во Колумбија: Фудбалер исчезнат по катастрофалниот земјотрес

20

Катастрофалниот земјотрес што ја погоди Колумбија во понеделник предизвика голема драма во фудбалската заедница, особено во редовите на прволигашкиот клуб Депортиво Переира.

Клубот сè уште нема информации за својот фудбалер Мигел Паласиос, кој се врати во својот роден град по тренингот, по што му се изгуби секаква трага.

Тренерот Артур Рејес изјави за WIN Sports дека семејствата на играчите се безбедни и дека нема повредени, но дека ситуацијата е многу тешка поради големата материјална штета.

Некои фудбалери и нивните семејства во моментов не можат да се вратат во своите домови бидејќи зградите се небезбедни за живеење.

„Имаме играч, Мигел Паласиос, кој се врати во својот роден град по тренингот и оттогаш немаме никакви вести за него. Сите сме многу загрижени и се обидуваме да откриеме што се случува“, рече Рејес.

Клубот веднаш започна потрага. Неколку лица кои останаа во Переира, вклучувајќи играчи кои не патуваа со тимот, се обидоа да стигнат до родниот град на Паласиос.

„Испративме неколку луѓе кои се во Переира, вклучувајќи играчи кои не патуваа, да се обидат да го пронајдат. Сепак, засега не успеавме да го контактираме“, додаде тренерот.

Потрагата по Паласиос продолжува, додека неговото семејство, соиграчите и клубот чекаат какви било информации за неговата судбина.

ПретходноЃорѓиев: Треба да научиме од минатото, работиме напорно за предизвиците кои ни претстојат
СледноБитолчани добија големо засилување: Лука Савичевиќ од НЦАА во Пелистер