Тиквеш и дефинитивно не знае за доста, кога станува збор за летниот преоден рок. Имено вечерва кавадарчани се пофалија дека успеале да го ангажираат некогаш големиот талент – Бесар Гуџуфи (22). Младиот напаѓач и некогашен член на Вардар, Беласица, Шкупи, Партизани и член на младинскиот тим на Бешикташ, ќе се обиде во Тиквеп да ја ревитализира својата кариера. Се разбира ако успее во тоа тогаш стратегот Оливер Богатинов и тоа како ќе има квалитетна оција плус во нападот на својот тим.
“ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите!
Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера.
Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво.
Добредојде во Кавадарци, Бесар“ на овој начин Тиквеш го претстави својот нов играч.















