Јуве со победа се одјави од Австралија

30

Екипата на Јувентус го победи Палермо со 2:0 во последниот пријателски меч од подготовките во Австралија. На стадионот во Перт, за тимот на Јуве, стрелци беа Кенан Јилдиз односно Аркадиуш Милик.

Со ова завршува и официјално турнејата на тимот на далечниот континент, каде што голем број на европски гиганти летово престојуваа.

Јуве сега се враќа во Торино и последниот меч пред стартот на шампионатот ќе го одигра што се вели во домашни услови против тимот на Јувентус У23.

 

ПретходноПСЖ има нов чувар на мрежата
СледноСити носи замена за Родри од Франција