ЛШ: Нов ЕПСКИ СРАМ за Ц.Звезда! Динамо Загреб повторно одличен

400
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

Уф, каква катастрофа за Црвена Звезда? И не толку поради фактот што и вечерва српскиот шампион во реваншот во Белград беше поразен од Хаопоел Бер Шева со 0:2 (вкупни 0:3), и елиминацијата во 3.квалификациско коло во ЛШ, туку поради начинот на кој дојде до ова. Ц.Звезда имаше 0:1 од првиот меч, и се најавуваше лесно минување против тимот од Израел, така најавуваа барем оние фанови на овој клуб кој не ја гледаат вистинската слика во тој клуб. И вечерва никаква игра, никаква концепција, ништо ново кога Дејан Станковиќ како тренер е во прашање. Токму затоа кога тој беше исклучен во 57.минута од трибините, а имаше 30.000 гледачи на “Маракана“ беше жестоко исвиркан.

По вториот гол на Израелците, цела “Маракана“ бараше заминување на раководството на “црвено- белите“. Стрелци на головите за Хапоел Бер Шева беа Златановиќ во 61. и Ист во 79.минута.

Пласманот во ЛШ остана само сон, сега ќе мора да се игра во ЛЕ во пкеј – офот против Плзен.

Динамо Загреб повторно одличен и со стил се пласира во плеј – офот во ЛШ, откако вечерва во Литванија, хрватскиот шампион победи со 1:2, или вкупни 1:7.

Така се игра во ЛШ.

ПретходноГотово е: Влаховиќ е нов член на Бешикташ!
СледноКристијано Роналдо и Џорџина се венчаа (ФОТО)