Тиквеш не знае за доста: И Бесар Гуџуфи во дресот на кавадарчани!(ФОТО)

150
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Тиквеш и дефинитивно не знае за доста, кога станува збор за летниот преоден рок. Имено вечерва кавадарчани се пофалија дека успеале да го ангажираат некогаш големиот талент – Бесар Гуџуфи (22). Младиот напаѓач и некогашен член на Вардар, Беласица, Шкупи, Партизани и член на младинскиот тим на Бешикташ, ќе се обиде во Тиквеп да ја ревитализира својата кариера. Се разбира ако успее во тоа тогаш стратегот Оливер Богатинов и тоа како ќе има квалитетна оција плус во нападот на својот тим.

ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите!

Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера.

Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво.

Добредојде во Кавадарци, Бесар“ на овој начин Тиквеш го претстави својот нов играч.

ПретходноИ Башкими како Вардар, му врачи отказ на тренерот по само две кола!(ФОТО)
СледноПретседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, во посета на Гевгелија (ФОТО)