Роналдо со порака до Меси: “Голема прегратка за тебе и твоите најблиски! Биди силен, Лео“ (ФОТО)

117
ФОТО:printscreen

Така тоа го прават големите луѓе. Имено Кристијано Роналдо му се обрати на Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе, кој почина на 68-годишна возраст по долго боледување. Португалската ѕвезда му испрати порака на својот долгогодишен ривал откако Меси објави емотивно проштално писмо до неговиот татко.
„Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во ова тешко време, Лео. Остани силен“, му пишал Роналдо на Меси.

Колку за потсетување Кристијано и Лео во изминатите две децении беа лути ривали, најдобрите во светот на фудбалот во овој период. Не беа којзнае какви блиски или пријатели, ама секогаш имале почит еден кон друг.

Секако дека поддршката од Кристијано во овие тешки моменти за него, и тоа како му значи на Лео.

ПретходноГотово е: Бешикташ потврди за Влаховиќ, а Фенер за Лукаку!(ФОТО)
СледноЦ.Звезда го избра Риера, следуваат завршните преговори!