Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

51
фото: MugFPL @PandaNoComply (X)

Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати.
Денес, фудбалската асоцијација на оваа земја ја официјализираше соработката со легендарниот хрватски тренер и го претстави на јавноста на задоволство на навивачите на овој тим.
Далиќ со тоа ја презема селекцијата на Обединетите Арапски Емирати во нов репрезентативен предизвик, откако остави силен белег во хрватскиот фудбал во претходните години.
Хрватскиот стручњак постигна одлични резултати со “Коцкестите“ и стекна репутација на еден од најпочитуваните тренери во регионот.
Повеќе детали за времетраењето на соработката и првите обврски на Далиќ на клупата на репрезентацијата на ОАЕ се очекуваат по официјалното претставување. Се шпекулира дека неговата плата е пет милиони евра годишно.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски е во комбинација за дуелот со Хиберниан
СледноЛејкерси продадени за неверојатни 12 милијарди долари!