„Падна“ првата жртва после кошмарната вечер на „Маракана“

486
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

По поразот од Хапоел Бер Шева, никој од тренерскиот штаб на Црвена Звезда не зборуваше на официјалната прес-конференција. Црвено-белите го завршија учеството во квалификациите за Лигата на шампионите со пораз од 2:0.

Дејан Станковиќ беше исклучен во средината на второто полувреме, па на конференцијата се очекуваше Ненад Сакиќ, неговиот помошник. Потоа, по речиси еден час, се појави ПР-от на клубот и рече дека нема да има конференција.

Станковиќ, според правилата на УЕФА, не можеше ниту да се појави пред медиумите поради црвениот картон што го доби на натпреварот.

Наводно, како што објавија неколку српски медиуми, Станковиќ поднесел оставка по елиминацијата од Хапоел Бер Шева и се збогувал со играчите во соблекувалната, со што практично се стави крај на неговиот втор мандат на црвено-белата клупа.

Црвена звезда непосредно пред полноќ објави дека денеска во 12 часот ќе се одржи итен состанок на Управниот одбор на клубот, а се очекува одлуката на Станковиќ да биде потврдена на тој состанок.

ПретходноМожеби депресија е во прашање: Сомнежи за тоа дали навистина Алкараз е повреден!
СледноХаланд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!