Стефан Јевтоски промовиран во ПСМ Макасар

73

Некогашниот македонски младински репрезенаттивец, а сега интернационалец, Стефан Јевтоски и официјално стана дел од тимот на ПСМ Макасар од Индонезија. Иако Јевтоски веќе извесен период е дел од овој клуб, денеска конечно е промовиран како нов член на прволигашот од Индонезија.

Се работи за амбициозен фудбалски колектив, каде што условите се одлични и каде што може да се игра на навистина високо ниво.

Јевтоски во Индонезија замина откако заврши неговата епизода во екипата на Струга ТЛ.

ПретходноУнаи Емери: Постигнавме многу, но нема да застанеме тука
СледноЦрвена Звезда до петок има нов тренер, а во декември и избори за нова управа