Првиот дел од Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија и официјално заврши. Денеска е слободен ден, а од утре, исто во двата града ќе се играат натпреварите за пласман.
Пред продолжението на шампионатот од ФИБА подготвија листа на потецијални кандидати за МВП на ЕП Б Дивизија.
На списокот се најде и македонскиот репрезентативец Дион Шабани, кој воедно е еден од најдобрите стрелци, не само во „црвено-жолтиот“ дрес, туку и на првенството.
Како и секогаш ФИБА во гласањето ги вклучи и фановите, па тие може да го дадат својот глас.
„Голем број млади таленти го ставија своето име во предвид, а ова е вашата шанса да го изберете вашиот фаворит и да ни кажете кој мислите дека треба да биде прогласен за МВП во сабота. Едноставно изберете го вашиот фаворит од анкетата на навивачите подолу, составена од кандидати кои го осветлуваат теренот претставувајќи ги сите национални тимови кои учествуваат на настанот“, забележа ФИБА.
Гласањето можете да го реализирате на следниот ЛИНК.










