Познати се стартните состави: Шкендија ќе напаѓа со Тамба и Ндзенгуе, Марко Ѓорѓиевски не е ни на клупа!

473

Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ се игра реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Шкенндија и Хиберниан.

На околу еден час до почетокот на мечот и двајцата тренери, Артим Положани и Дејвид Греј ги објавија стартните состави.

За Шкендија мечот ќе го почнат, барем како што објави УЕФА:

Рамани, Трумчи, Манев, Меличи, Димоски, Фреитас, Ислами, Зејнулаи, Тамба, Криезиу, Ндзенгуе.

Интересно, иако беше најавувано дека ќе биде во комбинација, Марко Ѓорѓиевски не е ни на клупата.

Додека за Хиберниан ова е стартниот состав:

Салингер, Паслак, Кер, Охора, Обита, Мјулиган, Каива, Мејор, Елдинг, Рајт, Лов.

На првиот натпревар во Единбург беше 2:1 за Хиберниан. Победникот од овој двомеч ќе игра во плеј-офот во Лигата на Конференции против подобриот од двомечот Гент – Гетеборг.

ПретходноГотово е: Ц.Звезда има нов тренер!
СледноНеверојатно: Дориев со три асистенции во победата на Согдиана