Традиционалниот турнир со кој што фудбалско Кавадарци се гордее, „Вуко Каров“, ќе се одржи претстојниот викенд.
Поточно в сабота, кога на Градскиот стадион во Кавадарци по стандардниот систем сите по 45. минути, силите ќе ги одмерат екипите на Тиквеш домашни играчи, екипата на странците на Тиквеш, и екипата на Тетекс.
ГФК „Тиквеш 1930“ со особена чест и почит го најавува одржувањето на традиционалниот меморијален турнир посветен на Вуко Каров и тиквешките фудбалски легенди.















