Положани: Повредата на Марко ни ги расипа плановите, сега одиме по титулата во ПМФЛ!

460

Шкендија не успеа оваа сезона во Европа барем да се доближи до минатогодишниот фантастичен успех. Шкендија вечерва е елиминирана од шкотски Хиберниан откако во реваншот во Скопје тетовци одиграа само 0:0, и со вкупни 1:2 мораа да му честитаат на гостинот на неговиот пласман во плеј – офот.

Секако дека по мечот стратегот на Шкендија, Артим Положани не го криеше своето разочарување:

Да, јасно е дека сме разочарани ако се знае дека нашата цел беше да се пласираме во плеј – офот во Лигата на Конференции. Мислам дека тој втор гол на првиот меч кој го примивме на првиот меч се покажа како решавачки. Морам да кажам дека повредата на Марко Ѓорѓиевски вчера на тренингот ни ги расипа плановите. Марко беше планиран да влезе во второто полувреме. Но, таков е фудбалот, некогаш мора да прифатиш и вакви разочарувања. Сега по оваа елиминација целосно се вртиме на домашната сцена каде, не криеме, одиме по титулата во шампионатот“ рече покрај другото стратегот на тетовци.

ПретходноМинатата сезона Шкендија со настапите во Европа заработи 6,2 милиони евра, а оваа само…
СледноГРК Охрид преку Дубочица до финале!