Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Куршумлијска бања. Таа во меч од првото коло загуби од Русинката Варвара Паншина со 2-0 во сетови (63 62) за 95 минути игра.
Во првиот сет со двата брејка во првите пет гема Паншина поведе со 4:1 во гемови што беше доволна предноста за освојување на сетот, откако двете тенисерки имаа по уште еден брејк до крајот на сетот. Во вториот сет имаше два брејка и ги направи руската тенисерка и на тој начин го освои сетот со 6:2 во гемови.
За Ѓорческа следен настап се квалификациите на УС опен кои почнуваат на 24.август.










