Фактите говорат: Ова е НЕУСПЕХ за Шкендија!

511

Секоја чест за шкотски Хиберниан, но фактите говорат дека ова е неуспех за Шкендија. Елиминацијата уште во третата квалификацска рунда е НЕУСПЕХ. Кој како сака нека си ги сфати ова, но Шкендија во овој двомеч беше фаворит. На ждрепката беше носител. Од првиот меч од Единбург, кој тетовци го одиграа сосема добро, имаа 1:2, и требаше вечерва на Арената во Скопје, пред своите фанови со една агресивна и напаѓачка игра да се дојде до победа и пласман во плеј – офот.

Но Шкендија во својот јубилеен 75-ти европски меч вечерва, посебно во првото полувреме, како да чекаше нешто да и падне од небото што се вели. Шкендија без потреба го “потроши“ цело прво полувреме во чекање. Јасно е дека Хиберниан е силен тим, но не толку силен за да тренерот на тетовци толку се исплаши па отстапи од својата напаѓачка игра.

Секако дека не е дебакл, како на некои други наши клубови во Европа ова лето, минати се две кола, но е НЕУСПЕХ.

Оваа Шкендија, оваа „ЕВРОПСКА“ Шкендија можеше и мораше многу повеќе.

Да се надеваме дека ќе се научи нешто од оваа елиминација.

ПретходноШкендија елиминирана од Европа!(ФОТО)
СледноМинатата сезона Шкендија со настапите во Европа заработи 6,2 милиони евра, а оваа само…