Шкендија елиминирана од Европа!(ФОТО)

185

И Шкендија заврши со Европа. Шкендија – Хиберниан 0:0 вечерва во реванш мечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Па така со вкупни 1:2, тимот од Шкотска се пласира во плеј – офот, додека тетовци ќе тагуваат, има и зошто. Лани ја минаа и групната или лигашка фаза во ЛК и играа напролет во 1/16 финалето, а оваа сезона стигнаа само до третата квалификациска фаза.No description available.

Инаку мечот почна со опасна закана на Криеизу уште во 4.минута, штета, таа топка за малку отиде покрај левиот дирек на голманот на гостите. До следната закана се чекаше до 25.минута, кога исто Криеизу шутираше, но сега од далечина и тоа непрецизно над голот.No description available.

Во оваа фаза од средбата се играше без никаков ризик од страна на Шкендија. Тетовци имаа пас – игра, но тоа претежно се одвиваше на средината од теренот. Гостите умешно се бранеа, им одговараше резултатот и затоа од нивна страна немаше некоја потреба да одат во напад.No description available.

РАМАНИ БРАНИ ЗИЦЕРИ

Второто полувреме се “отвори“ со шансата на Ндзенгуе, но напаѓачот на Шкендија го погоди страничниот дел од мрежата на гостите. Колку се опасни гостите, најдобро се виде во 53. и 60.минута кога Хиберниан преку Лов и Мејор имаа зицер ситуации за гол, но Рамани беше фантастичен на голот на тетовци. Се играше 65.минута кога Димоски се најде на околу 15 метри од голот на гостите, шутираше, но во последен момент неговиот удар беше блокиран. Само две минути подоцна Ндзенгуе имаше шанса, супер шанса, но шутираше покрај голот. Во овие моменти Шкендија веќе тргна со сите сили во напад, немаше веќе што да се чека. Во 76.минута Красничи имаше шанса, а две минути подоцна Тамба од идеална позиција не го погоди голот. Штета. Ова мораше да биде реализирано.No description available.

И во последните минути тетовци се закануваа, ни тие удари најчесто беа блокирани од гостинските дефанзивци.

Лига Конференции – 3.квалификациско коло (прв меч 1:2)

ШКЕНДИЈА – ХИБЕРНИАН 0:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Булат Сариев (Казахстан). Стрелци:/

ШКЕНДИЈА: Рамани, Трумчи, Меличи (84.Ибраими), Манев, Димоски, Ислами, Фреитас, Зејнулаи (64.Красничи), Тамба, Криезиу, Ндзенгуе.

ХИБЕРНИАН: Салингер, Паслак (82.Мегва), Кер, Охора, Обита, Мјулиген (82.Њуел), Каива, Мејор (83.Кембел), Лов, Рајт (63.МекГрат), Елдинг (71.Бојл).

ПретходноСкандалозно: Еве зошто е одложен меч од 1.коло во Ла Лига!
СледноФактите говорат: Ова е НЕУСПЕХ за Шкендија!