Енрике: Не сум изненаден, совршено ги познавам моите играчи

73
Фото: ПСЖ Х

ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА откако ја победи Астон Вила со 2-1 во Салцбург.  За францускиот тим ова беше втор Суперкуп по ред.

По натпреварот, тренерот Луис Енрике, го истакна менталитетот на својот тим, кој го освои новиот трофеј по многу кратки подготовки.

„Не сум изненаден. Ги познавам моите играчи совршено. Беше многу комплицирано, како минатата година. Мораме да го истакнеме она што го направи тимот бидејќи не е лесно да се игра вака само со неколку дена тренинг“, изјави Луис Енрике за Canal+.

Шпанскиот тренер по натпреварот истакна колку е задоволен од мотивацијата на своите играчи.

„Многу е лесно да се мотивираат овие играчи, тие го сакаат тоа што го прават. Тоа е речиси совршена ситуација. Многу е тешко да се победува постојано и затоа мора да го искористиме ова, да бидеме амбициозни и професионални и да се обидеме повторно да освоиме сè. Тоа е она што значи да се биде амбициозен“, заклучи Луис Енрике.

ПретходноСилекс е посилен за Мартин Талаков
СледноШкендија сака победа, Шкендија сака нов пласман во плеј-оф!