Дејан Илиев го даде Рапид Букурешт на ФИФА поради 150.000 евра?

655

Повремениот репрезентативен голман Дејан Илиев е без клуб, откако одлучи да ја прекине соработката со романски Рапид Букурешт. Само шест месеци траеше авантурата на Илиев на голот на овој клуб, каде запиша 16 одиграни мечеви.

Причината поради која се одлучи на ваков потег е долгот кој Рапид Букурешт го има кон него. Според неофицијални информации клубот му должи околку 150.000 евра, па нашиот голман не само што решил да си оди, тој го даде тимот од главниот град на Романија на ФИФА.

Тој во тимот дојде од Ута Арад. Претходно беше дел од Сарајево, Хелсинки, а бранеше и во Тренчин, Серед, Јагелонија. Долго време беше член на лондонски Арсенал, но никогаш не доби шанса да забрани за сениорите.

ПретходноСкандал: Познат фудбалер сака да побегне од Турција поради манијак кој ја прогонувал неговата сопруга
СледноКрај на шпанската „сапуница“: Алварез се извинил?