Дома Ракомет Домашно првенство Алкалоид го победи Египет во втората контрола!

Алкалоид го победи Египет во втората контрола!

300

Екипата на Алкалоид продолжува со подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапи на две меѓународни сцени, ЕХФ Европскиот Куп каде испиша историја како прв македонски тим кој го освоил овој трофеј, и во Регионалната лига.

Тренерот Кирил Лазаров и неговите избраници го одиграа вториот пријателски натпревар, за противник го имаат тимот на Египет, кого го совладаа со 33-31. Оваа репрезентација во Скопје се подготвува за Медитеранските Игри. Двата тима ќе одиграат уште еден контролен меч, и тој ќе биде од затворен карактер.

Алкалоид претходно славеше против Прилеп. Својот прв официјален натпревар ќе го одигра на 26. август во салата во Автокоманда, а противник ќе биде составот на Партизан, предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес.

ПретходноРоналдо потпиша предбрачен договор: Еве колку треба да ѝ плати на Џорџина ако се разведат
СледноСè е подготвено за меморијалот „Зоран Петковски“