Денеска стартува ВМФЛ: Работнички, Пелистер, Шкупи, Македонија ЃП, Брера…во битка за враќање во елитата

199
ФОТО:.facebook.com/fcrabotnicki

Денеска стартува новата 2026/27 сезона во Втората лига на Македонија. За разлика од лани, во оваа ќе има две екипи помалку, но затоа ќе биде супер интересна. Имено тука се Работнички, Пелистер, Шкупи, Македонија ЃП, Брера, екипи кои во минатата сезона играа во ПМФЛ, тука се и Беласица, Тетекс, Охрид, екипи кои секогаш си имаат свои амбиции, како и Кожув, Осогово, Еуромилк, Новаци, Детонит кои важат за “стандардни“ второлигаши и дебитантот Камјани.

Тоа се екипите кои ќе се борат за првите две места кои водат во ПМФЛ, третото води во баражот, додека оваа сезона испаѓаат три екипи.

Од имињата на екипите се гледа дека годинашната ВМФЛ „тежи“ дури девет титули – шампиони на Македонија (Работнички, Шкупи и Македонија ЃП), интересно е тоа што одново имаме две струмички екипи во иста лига. Тука се и Пелистер, Тетекс и Брера како некогашни освојувачи на Купот на Македонија.

Сето ова гарантира интересна сезона, иако јасно е дека не можеме да очекуваме којзнае каков квалитет.

Денеска на програмата се шест средби од 17 часот, а утре од 20 часот под рефлектори се игра мечот Пелистер – Камјани.

ДЕНЕСКА – 17 Ч

Струмица: Брера – Еуромилк

Скопје: Македонија ЃП – Тетекс

Скопје: Работнички – Кожув

Охрид: Охрид – Новаци

Скопје: Шкупи – Детонит

Струмица: Беласица – Осогово

УТРЕ – 20 Ч

Битола: Пелистер – Камјани

ПретходноСега во прашање се часови: ПСЖ пред промоција на херојот на Шпанија + уште еден фудбалер
СледноПоранешниот соиграч на Антиќ е трејдуван во Шарлот