Сè е подготвено за меморијалот „Зоран Петковски“

104

Новорформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе го организира првиот Меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Турнирот ќе ги обедини поранешните клубови на Петковски, а неговиот матичен клуб КК Пелистер е еден од учесниците. Покрај нашиот клуб уште ќе настапат МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и Куманово.

Петковски најголемиот дел од својата кошаркарска приказна го помина во Пелистер. Роден во 1978 година, своите први кошаркарски чекори ги направи во зелено-белиот дрес, а беше и младински репрезентативец на Македонија.

Во играчката кариера, покрај Пелистер, настапуваше и за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи и Радовиш. По завршувањето на играчката кариера се посвети на тренерската работа, а повторно се врати во Пелистер и од клупата му помогна на битолскиот клуб да обезбеди пласман во елитното друштво.

Како клуб во кој остави неизбришливи траги ќе ни биде чест да бидеме дел од турнирот организиран во чест на нашата кошаркарска легенда

ПретходноАлкалоид го победи Египет во втората контрола!
СледноРафаел Фреитас: Боли испаѓањето во Европа, но мора да се свртиме кон останатите предизвици