Драма во Минхен: Мега – ѕвездата на Баерн колабираше на теренот!(ФОТО)

139
ФОТО: FC Bayern Munich/fb

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала, колабираше на теренот на крајот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично.
За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците.
Мусиала, очигледно, не се справи добро со тешките временски услови и високата температура оваа сабота во Минхен.
Тој потоа стана, веднаш си замина од теренот. По натпреварот беше разјаснето дека сè е во ред со Мусиала и дека не се чувствува добро поради високата топлина што владее овие денови во овој регион на Германија, како и во главниот град на Баварија.
Мусиала ја затресе мрежата на бундеслигашкиот ривал во 81-та минута, кратко пред да се струполи на тревата.
Стрелци за Баерн беа и Луис Дијаз во 13-та минута и Натаниел Браун во 57-та минута, додека Брајан Груда го постигна единствениот гол за гостите во 52-та минута за 3:1.

ПретходноСалах со Трабзон тргна со реми, за Барди само 7-8 минути за Коњаспор
СледноПромоција: Интер се засили со уште еден репрезентативец на Англија!(ФОТО)